Давид Налбандиан повеќе не е тренер на Миомир Кецмановиќ, пренесуваат аргентинските медиуми. По речиси две години соработка, српскиот тенисер и Аргентинецот решија да се разделат.
Кога Налбандиан пристигна во таборот на Кецмановиќ, момчето од Белград се најде на 40. место на АТП листата, а во меѓувреме напредуваше дури единаесет позиции (29).
Во изминатите две години Кецмановиќ најголемиот успех го постигна на Мастерсот во Мајами и Индијан Велс каде стигна до полуфиналето.
Инаку, ова беше прв тренерски ангажман за Налбандиан, кој играчката кариера ја заврши во 2013 година.