четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Заврши соработката меѓу Кецмановиќ и легендарниот Налбандиан

Заврши соработката меѓу Кецмановиќ и легендарниот Налбандиан

Давид Налбандиан повеќе не е тренер на Миомир Кецмановиќ, пренесуваат аргентинските медиуми. По речиси две години соработка, српскиот тенисер и Аргентинецот решија да се разделат.

Кога Налбандиан пристигна во таборот на Кецмановиќ, момчето од Белград се најде на 40. место на АТП листата, а во меѓувреме напредуваше дури единаесет позиции (29).

Во изминатите две години Кецмановиќ најголемиот успех го постигна на Мастерсот во Мајами и Индијан Велс каде стигна до полуфиналето.

Инаку, ова беше прв тренерски ангажман за Налбандиан, кој играчката кариера ја заврши во 2013 година.