вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Заврши Турнирот во мал фудбал 8-ми Септевмри во Маџари, Триангла – Гази Баба за 2022 година

Заврши Турнирот во мал фудбал 8-ми Септевмри во Маџари, Триангла – Гази Баба за 2022 година

Заврши Турнирот во мал фудбал 8ми Септевмри во Маџари, Триангла – Гази Баба, Скопје за 2022 година.

Турнирот траеше 45 денови, а учествуваа 50 екипи, со 600 натпреварувачи. Беа одиграни 158 натпревари на кои беа постигнати 811 голови.

Финалето се одигра на 24.09.2022 година на игралиштето со вештачка трева во Маџари. Присутни беа над 3000 гледачи. Во спектакуларна атмофера со вклучена пиротехника.

Химната беше во изведба на македонската естрадна пеачка Бојана Скендеровски.

Најдобрите за 2022 година – 1 место – СОС ВИТА Здружение – 200 000 денари 2 место – Гостилница кај Џек – 90 000 денари 3 место – ИСО ПРОМ 2016 – 40 000 денари

Најдобар играч на турнирот – Јакуп Рамадани 5 000 денари ваучер од Мултимоб Најдобар голман на турнирот – Мирко Соколов 5 000 денари ваучер од Мултимоб

За секоја екипа имаше пехари и медали обезбедени од Астра Казино.

Беа поделени 20 ваучери гратис технички преглед во Цертус ЦРЦ, за најдобрите 20 играчи во елиминациона фаза, 100 ваучери со 30% попуст на технички преглед исто така во Цертус ЦРЦ, 100 ваучери со 20% попуст на цела галантерија во мобиларата Мултимоб. Исто така беше поделен комплет дресови Хумел за една од екипите, а во текот на турнирот беа поделени маички и капи на помладите изработени од страна на 3С – МОДА од Маџари.

За времетраењето на турнирот, натпреварувачите се разладуваа со ЛАДНА вода.

Турнирот беше медиумски покриен од Спортско радио 90,3 како и од електронскиот медиум Курир.

Здружение Солидарност М во соработка со здружението СОС ВИТА ја промовираат хуманоста, меѓусебното почитување и пријателството преку спортот, при што на денот на финалето беше подарено медицинско помагало.

Оваа година особена поддршка беше дадена од Градоначалникот на Гази Баба – Бобан Стефковски, а помагатели беа Град Скопје, ЈКП Гази Баба, Црвен Крст Гази Баба, ПС ОН Гази Баба, Цертус ЦРЦ, Астра Казино, Ладна вода, ДИГИКОМ, Мултимоб, Евротип, Алекс Стојановски, КОЛАЈНС, Магари, М4М Инкропорејшн, Трак Партнер, Бормарк, Паркет Паркет, Чип Такси, Гостилница Софра, Компанија Атанасовски, Енергомонт, Мега Лифтови, Лоба, ЛОТО, КС Сервис, ЈК Травел, Два Брата Градители, Балкан Градба, Јакимовска, Нуне Брадерс, Клуб 77, Агенција за млади и спорт – европска недела на спортот, 3С МОДА и други, за што од организаторите беа доделени благодарници.