сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Женската одбојкарска репрезентација на Италија нов европски шампион

Женската одбојкарска репрезентација на Италија нов европски шампион

Италијанската женска одбојкарска репрезентација е нов Европски шампион.

Србија не успеа да направи подвиг и да го искористи домашниот терен во дуелот против Италија, кој го загуби со 1-3 во сетови (26-24, 22-25, 19-25, 11-25) во Арената „Штарк“ во Белград.

„Аѕурите“ беа перфектни освен во првиот сет, кој го загубија по неколку грешки, па така, го згаснаа сонот на Србинките да испишат одбојкарска историја на свое тло. Србија како актуелен европски првак влезе во мечот со големи амбиции како фаворит, но Италија ги сруши сите предвидувања.

Прво име кај Италија беше Паола Егону со 29 поени, пред Мириам Сила со 20 поени, додека кај Србија, најдобра беше Тијана Бошковиќ со 20 поени која веројатно ќе биде прогласена и за МВП.

За Италија ова беше прво злато по 2009 година, или трето во историјата.