На спринт трката попладнево на патеката во Баку, триумфираше Серхио Перез од Ред Бул, додека второпласиран беше Шарл Леклер од Ферари.
На оваа трка нешто послаб резултат имаше актуелниот шампион и лидер во првенството, Макс Верстапен, кој заврши на третата позиција, откако имаше и еден мал инцидент со Џорџ Расел од Мерцедес.
По завршување на трката, Верстапен имаше сериозна расправија со Расел, која на крајот заврши со погрден збор кон Британецот, кој Верстапен го нарече „ку**глав“.
"But expect the next time the same you know… Dickhead"
-Max Verstappen to George Russell after the race#AzerbaijanGP pic.twitter.com/CEJoH6lKkY
— Kimbula Bunis 🥐 (@PO5IT1VE) April 29, 2023