Златан Ибрахимовиќ и Новак Ѓоковиќ очигледно склопија фантастично пријателство, ако се гледа нивната преписка преку социјалните мрежи.
Шведскиот фудбалер беше присутен на финалето на Ролан Гарос, на кое Ѓоковиќ ја освои својата 23. гренд слем титула, по што двајцата разговараа, а сега Златан му прати предизвик на Инстаграм, објавувајќи видео во кое тренира падел, еден вид на мешавина на тенис и сквош.
„Новак, кога ќе си подготвен“, му напиша Ибрахимовиќ со порака од падел-клубот во Милано.
Ѓоковиќ бргу одговори: „На истата страна сме непобедливи. Може брату, јас сум подготвен“.