среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

„Златниот Гонг“ за Савковиќ од Црна Гора

„Златниот Гонг“ за Савковиќ од Црна Гора

Црногорскиот боксер Стефан Савковиќ е освојувач на 51. издание на „Златниот Гонг“ кое се одржа во Скопје. Годинава организаторите го урнаа рекордот откако на турнирот настапија над 60 боксери од 11 држави.

Во двата дена натпреварување гледачите во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ имаа можност да видат одлични борби и жестока конкуренција.

Златни медали за Македонија обезбедија Дион Лена (60 кг) и Халим Насуфи (71 кг). Со сребро се закитија Оран Шакировски (57 кг) и Илхан Озмен (63.5 кг).