Швеѓанецот Нилс ван дер Поел триумфираше денеска на трката на 10.000 метри во брзо лизгање со време на нов светски рекорд и го освои својот втор златен медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.
Поел до второто злато на Игрите во кинеската престолнина лизгаше три секунди побрзо од светскиот рекорд, кој самиот го постави во Холандија пред три години. Новиот рекорд во сопственост на Поел сега изнесува 12 минути и 30.74 секунди.
Холанѓанецот Патрик Рост, кој, исто така, заврши зад Поел на трката на 5.000 метри, го освои сребрениот медал (12:44,59), додека бронзата му припадна на Италијанецот Давиде Гиото (12:45.98).
Златниот медал на Поел е прво олимписко одличје за Шведска на 10.000 метри во брзо лизгање по 34 години.