Данил Медведев продолжува да доминира во машкиот дел од турнејата, а последниот негов успех дојде на „Мастерс“ турнирот во Шангај. Во финалето, Русинот го совлада Александар Зверев со 6-4 6-1, а дури ни за миг не ја иницијативата иницијативата во мечот.
Тоа беше шесто последователно финале на светскиот бр.4, вклучувајќи го и „Ју Ес Опен“ и неговата втора титула од категоријата АТП 1000 во Синсинати .
Неговиот ривал денеска не штедеше пофалби за Медведев за време на доделувањето на наградите.
– Прво честитки за Данил. Веројатно си најдобриот играч на светот оваа година. Начинот на кој играш е неверојатен. Ти посакувам се најдобро на следните турнири. Шест последователни финалиња … Мислам дека можеш да стигнеш до девет, изјави Зверев.
И самиот тој може да извлече многу позитиви од неговиот настап откако го елиминираше Роџер Федерер и покажа добар тенис цела недела.
– Сакам да му се заблагодарам и на мојот тим. Ви благодарам што бевте заедно со мене и што ме поддржувавте да бидеме заедно во тешките времиња. Тоа беше емотивно патување на и надвор од теренот. Ќе се подобрам, ви ветувам, ќе се подобрам. Во одреден момент повторно ќе го кренеме трофејот, додаде тенисерот.
"You're probably the best player in the world right now"
Brilliant words from @AlexZverev on his conqueror today ?@DaniilMedwed @SH_RolexMasters pic.twitter.com/JooquWaBNB
— Tennis TV (@TennisTV) October 13, 2019