среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Зверев го совлада Циципас и се пласира во финалето на Синсинати

Зверев го совлада Циципас и се пласира во финалето на Синсинати

Тенисерот Александер Зверев успеа да се пласира во финалето на АТП турнирот во Синсинати.

Во полуфиналето Зверев го победи Стефанос Циципас со 2:1 во сетови, иако во последниот имаше минус од два брејка и губеше со 1:4.

Сервираше за 5:1 во гемови во третиот сет и не успеа, а потоа пак загуби свој сервис на 5:4 кога имаше можност да го реши мечот. Зверев се разигра, израмни на 5:5 и потоа во фантастичен стил славеше во тај-брејкот со 7:4 во поени.

Тој ќе игра со Андреј Рублев во финалето, денеска од 22.30 часот, а моментно е во серија од 10 победи, без пораз.

Претходно Рублев го надигра сонародникот и прв носител на турнирот, Данил Медведев, исто така со 2:1 во сетови.