петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Зверев: Мојата игра е ужасна!

Зверев: Мојата игра е ужасна!

Германскиот тенисер Александер Зверев втор АТП турнир од серијата 500 е елиминиран веќе во првото коло, откако денеска загуби во Токио од Австралиецот Џордан Томсон со 6-3, 6-4.

„Ова што го одиграв денеска беше ужасно. Немам друг коментар за својата игра“, рече видно разочараниот Зверев по дуелот против 60. светски тенисер на АТП листата.

За Зверев ова беше втор АТП турнир во низа на кој беше елиминиран на самиот старт.

Претходно германскиот тенисер загуби во првото коло на турнирот во Шангај, каде уште полесно беше совладан од Русинот Роман Сафјулин со 6-3, 6-1.  (МИА)