Германскиот тенисер Александар Зверев нема да игра на претстојниот грен слем турнир „УС Опен“, а тоа дополнително му помага на Рафаел Надал како еден од главните фаворити за титулата. Исто така настапот на „УС Опен“ го откажа и Рајли Опелка, а на неговото место ќе се најде Џек Сок.
Официјално Зверев нема да игра на „УС Опен“, тоа го потврдија и организаторите. Германецот е втор рекет на планетата, не се опорави од повредата заработена на „Ролан Гарос“ на мечот против Надал и не е доволно подготвен за турнирот во Њујорк, САД.
Во исто време, турнирот остана без уште еден играч од врвот, бидејќи се намалуваат шансите таму да биде Новак Ѓоковиќ и сето ова се само поволни вести за Рафа да го зголеми бројот на освоени грен слем трофеи и остане на врвот на вечната листа.
По објавувањето на „УС Опен“ со кое се потврдува задолжителната вакцинација за странците, а не за американските граѓани, јасно е дека Ѓоковиќ тешко ќе добие дозвола за влез во земјата и да се натпреварува.
Alexander Zverev has withdrawn from the US Open.
Get well soon, Alex! pic.twitter.com/Yj12xO0mNl
— US Open Tennis (@usopen) August 22, 2022
Покрај Надал, кој автоматски ќе се „пресели“ во вториот дел од жрепката, секако тука е и првиот светски тенисер, Русинот Данил Медведев како еден од фаворитите за пехарот. А, особено, сето тоа му одговара на Рафа, кој сега ќе го заземе местото на втор носител и автоматски ќе се „пресели“ во вториот дел од ждрепката. Доколку Медведев не ја одбрани титулата, го губи првото место, што значи дека Надал ќе атакува и на тронот во Њујорк.