Четвртиот светски рекет, Александар Зверев, избори место на завршниот АТП турнир, кој годинава првпат ќе се одржи во Торино.
Германецот ќе игра на финалниот турнир петти пат по ред.
Во 2018 година, тој ја освои титулата. Зверев е четвртиот играч кој се пласираше во Торино. Пред него тоа го направија Новак Ѓоковиќ, Даниел Медведев и Стефанос Циципас.
Оваа година Германецот освои четири трофеи – на Олимпијадата во Токио, Мастерсот во Мадрид и Синсинати и турнирот во Акапулко.