Германскиот тенисер Александар Зверев преку социјалните мрежи проговори за неговата состојба по повредата добиена во полуфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал.
– Третманот започна, напиша Германецот под сликата, на која се гледа неговата нога фиксирана во протеза.
Да потсетиме дека во вториот сет од средбата со Надал при резултат 6:5 во негова корист, Зверев доби тешка повреда на скочниот зглоб, поради која не можеше да го продолжи мечот. Тој прво го напушти теренот во инвалидска количка, а потоа се врати со патерици за да му каже на судијата дека предвреме го завршува мечот.
Зверев има оштетени лигаменти на скочниот зглоб на десната нога.