понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Зверев во полуфиналето на Ју-Ес Опен во машка конкуренција

Зверев во полуфиналето на Ју-Ес Опен во машка конкуренција

Александер Зверев со 3-0 во сетови го победи Лојд Харис и го потврди заслужениот пласман меѓу четворицата најдобри тенисери на Ју-Ес Опен годинава.

Германскиот тенисер имаше најмногу проблеми во првиот сет, во кој мораше да игра тај-брејк и го доби со 8:6 за водство од 1:0.

Оваа етапа од мечот имаше и големо психолошко влијание врз ривалот од Јужна Африка, па Зверев подоцна ги доби вториот и третиот со 6:3 и 6:4 за победа без загубен сет. Во полуфиналето Зверев ќе игра против победникот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Беретини.