Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави списокот на екипи кои ќе играат во Лигата на Европа во женска конкуренција. За новата сезона во ова европско натпреварување се пријавија 34 екипи.
Во Лигата на Европа ќе игра некогашниот европски гигант Ларвик, кој по пауза од три сезони повторно ќе има европска авантура.
Меѓу учесниците ќе бидат и двата најдобри клубови од Хрватска, Локомотива Загреб и Подравка, потоа грчкиот шампион ПАОК, Јагодина и Железничар од Србија, шампионатот на Турција, Кастамону, данските Никобинг и Копенхаген…
Ланската сезона титулата во Лигата на Европа ја освои екипата на Икаст од Данска, второпласиран беше Никобинг, додека бронзата ја освои Борусија Дортмунд.