четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Абутовиќ: Им благодарам на сите, на Вардар, на играчите, на навивачите… (ВИДЕО)

Абутовиќ: Им благодарам на сите, на Вардар, на играчите, на навивачите… (ВИДЕО)

Ракометарот кој денеска доби убедливо најголем и најдолг аплауз во СЦ „Јане Сандански“ и тоа во два наврати беше, Илија Абутовиќ кој иако не играше одново доби огромна поддршка од навивачите кои во минатата деценија редовно го бодреа од трибините.

Абутовиќ поради повреда не беше во можност да игра на овој натпревар против Вардар и остана на клупата за резерви, но тоа придонесе за големи емоции кај него.

„Им благодарам на сите за она што ми го приредија пред натпреварот. Чувството е неверојатно. Сакам да им се заблагодарам на Вардар, на играчите, на навивачите, на Скопје и на цела Македонија. Ова беше навистина емоционален момент“, коментираше Илија Абутовиќ пред камерата на 24 Ракомет ТВ.