вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Александра Лакрабер стави крај на својата богата кариера.

Александра Лакрабер стави крај на својата богата кариера.

Ракометарката која во својата кариера има настапи за Вардар, десниот бек Александра Лакрабер стави крај на својата кариера.

Французинката кон крајот на месец ноември, 2022, реши да го напушти тимот на Рапид Букурешт поради несогласувања со тогашниот селектор Карлос Вивер и веќе тогаш беше јасно дека екс ракометарката на Вардар нема уште долго да игра.

Лакрабер пред две години стави крај на својата репрезентативна кариера. Таа освои сè што можеше да се освои со репрезентацијата на Франција, па така дојде до злато на Олимписките игри во Токио и сребро во 2016 година во Рио. На Мундијалот во 2017 и ЕП во 2018 година исто така беше сребрена.

Во својата кариера го носеше дресот и на Бера Бера, Тулуз, Брест Бретањ, Ѕвенигород,  македонскиот Вардар ,Миос Биганос, Ница и Шамбери.