Вториот ден на меѓународниот турнир во Струга го отворија Алкалоид и Целје. Победник од оваа интересна пресметка беше Целје, во драматчна завршница славеше со 28-29. ири, Целје израмни на 24-24 во 51 минута. Дуелот влезе во неизвесна завршница, се играше гол за гол.
Словенечкиот тим казни две грешки на македонскиот состав поведе со 26-28 во 57 минута. Ракомертарите на Алкалоид не се откажаа, напротив со два гола во низа израмнија на 28-28 во последната минута.
Целје од седум метри погоди за победа од 28-29, на другата страна Серафимов не успеа да го совлада противничкиот голман.
Последен противник на Алкалоид во групната фаза во Струга ќе биде тимот на Бутел Скопје додека Целје Пивоварна Лашко ќе се судри со бранителот на титулата Вардар 1961.