Македонскиот првак Вардар со пораз ја почна 2021 година во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ загубија на гости кај Порто со 27-24, а првиот човек на стручниот штаб на македонскиот шампион Стефче Алушовски по натпреварот истакна дека многуте проблеми во нападот придонесоа да се загуби овој меч .
„Бевме добри на почетокот на средбата, посебно во одбраната. Но имавме проблеми со нападот. Порто беше добар во брзите контра напади. Во последните десет минути кога се кршеше резултатот, направивме многу кобни грешки во нападите. На Порто му посакувам среќа, а ние мора да ги поправиме сите грешки за понатаму. Имаме многу натпревари во овој месец “, изјави Алушовски.
Следен натпревар за Вардар во Лигата на шампионите е во вторник, кога гостува кај францускиот првак Пари Сен Жермен, предводен од некогашниот стратег на Вардар, Раул Гонзалез.