Македонскиот ракометен првак Вардар со пораз од Мешков Брест ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите за оваа сезона.
По натпреварот, тренерот Стевче Алушовски потенцира дека лошата игра во средината на првиот допринела за поразот .
” Натпреварот го отворивме добро, донекаде до 5-5, кога имавме играч повеќе и направиме несфатливи грешки кои не се дозволени за Лигата на шампионите и ќе мора да менуваме нешто во иднина. Не бевме на ниво на задачата во одбрана, посебно во првиот дел кога примивме 20 гола. Беше тешко да се вратиш во мечот по осум гола негатива. Мислам дека оваа година многу работи ќе мора да се сменат ако сакаме добри резултати. Ова нека биде голема лекција за сите нас. “, изјави Алушовски по натпреварот .