недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

АМС му додели признание на Гоце Георгиевски за придонес во ракометната репрезентација

АМС му додели признание на Гоце Георгиевски за придонес во ракометната репрезентација

Поранешните ракометни соиграчи Наумче Мојсовски и Гоце Георгиевски се сретнаа во куќата на спортот.

„Задоволството од носење на националниот дрес е непроценливо”, беше заедничко мислење на двете ракометни легенди.

Се започна во Автокоманда, каде Гоце настапуваше за РК Металург од 2006-2016, па следува преселба во Букурешт каде настапуваше три сезони. Од Романија се враќа повторно во родниот град, во кој ја продолжува кариерата во РК Вардар, за кој се уште настапува.

Неговото пензионирање од националниот тим, доаѓа во време на подмладување на ракометната репрезентација, кое емотивно се случи изминатиов викенд, на квалификациониот натпревар со Турција. Во изминативе 16 години беше неизоставен дел од натпреварите на македонскиот национален тим, а нив ги има преку 200.