Андон Бошковск официјално е нов тренер на Радовиш. На местото на Љупче Мијалов седнува стратег со долгогодишно тренерско искуство,.
Бошковски од понеделникот е во Радовиш и веќе започна да го крoи планот за новите предизвици, а своето деби во новиот клуб ќе има в сабота против Тиквеш, тим кој плеј-аутот го започна перфектно, со три победи.
Неговиот стручен штаб сè уште не е познат, а од Радовиш се надеваат дека Мијалов ќе остане и ќе му помогне на тимот да обезбеди опстанок во елитното ракометно натпреварување.