среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Андон Бошковски останува во Вучитрн

Андон Бошковски останува во Вучитрн

Македонскиот стратег Андон Бошковски кој на почетокот на годинава го презема тимот на Вучитрн од Косово, ќе го продолжи својот престој во косовската екипа и наредната сезона, откако потпиша нов договор.

Покрај Бошковски, во екипата на Вучитрн, ќе игра и македонскиот интернационалец Стефан Андонов, кружен напаѓач кој настапуваше во тимовите на Еурофарм Пелистер 2 и Скопје.

Вучитрн го освои шампионскиот пехар во Првата лига на Косово минатата сезона и обезбеди камбек во најквалитетното косовско натпреварување.

Екипата на македонскиот стратег беше единствената екипа без пораз во прволигашкото друштво, додека останатите конкуренти за првото место имаа два или повеќе порази на свое конто.