Поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ (34), кариерата ќе ја продолжи во екипата на Ференцварош, објави унгарскиот клуб.
Лекиќ, трет најдобра стрелец во историјата на Лигата на шампионите, по завршувањето на сезоната од Крим ќе се пресели во Ференцварош.
Поранешната репрезентативка на Србија има искуство во првенството на Унгарија. Во минатото таа играше за Ѓер, екипа со која ја освои титулата во Лигата на шампионите.