петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ангеловски: Нашите ракометари заслужуваат респект за вербаат која ја имаат во себе

Ангеловски: Нашите ракометари заслужуваат респект за вербаат која ја имаат во себе

Привремениот тренер на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски по мечот од ЛШ против Кјелце истакна дека не е лесно да се игра пеотив едев ваков тим како што е Кјелце.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во Пелистер, пред се на довчерашните тренери Јовиќ и Шундовски кои оставија длабока трага во клубот. Не беше лесно да се игра против европскиот вицешампион, тој респект што го имавме на почетокот негативно се одрази на нас. Тоа се гледа по почетниот резултат, 2-9 по што се обидував само да не доживееме катастрофа.

Во секој случај, ракометарите заслужуваат респект за вербата која ја имаат во себе дека имаат квалитет, но за нешто повеќе ни треба уште многу работа. На следните натпревари, Пелистер мора да биде подобар. Во соблекувалната им реков на ракометарите дека можеме да бидеме задоволни, но никако среќни. Не можеме да сме среќни кога губиме“, рече Ангеловски.