Најтрофејниот македонски ракометен колектив Вардар 1961 работи на ростерот за следната сезона и обновува договори со актуелните првотимци, а еден од оние кои парафира нова соработка е хрватскиот бек Анте Гаџа.
29-годишниот ракометар пристигна од ППД Загреб и брзо стана важен дел од екипата. Оваа сезона тој го понесе товарот на позицијата среден бек на повеќето од натпревари поради дефицитот, па доби награда за добрите игри.