ЖРК Вардар потврди дека Анжела Платон во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб во сениорскиот тим.
Поранешната славна ракометарка минатите години беше задолжена за развој на младите таленти, а оваа година добива нов предизвик и ќе ја извршува функцијата на помошник-тренер, но во исто време ќе раководи и со младинските категории.
Анжела Платон долги години е дел од ЖРК Вардар, а на македонската јавност ѝ е најпозната од настапите за Кометал Ѓорче Петров, кога овој тим се искачи на тронот во женската Лига на шампиони на ЕХФ.