понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Апелгрен останува верен на Рајн Некар

Апелгрен останува верен на Рајн Некар

Германскиот ракометен тим Рајн Некар успешно ја продолжи соработката со голманот на репрезентацијата на Шведска, Микаел Апелгрен. Искусниот голман, кој за ,,лавовите” игра од 2015 година, со раководството на клубот се договори на нова соработка, која ќе биде со важност до јуни, 2026 година.

Швеѓанец одигра 202 натпревари за клубот во домашните натпреварувања. Со Рајн Некар двапати ја освои титулата во националниот шампионат, во сезона 2015/16 и 2016/17.

Апелгрен, исто така во 2016, 2017 и 2018 година со своите колеги се радуваа на освоениот трофеј во Купот на Германија.

Рајн Некар на голманската позиција освен Апелгрен на располагање ги има уште Давид Шпет и Џоел Бирлем. Двајцата голмани ќе останат во тимот од Манхајм и во следната сезона.