четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Атанасијевиќ заврши во болница во Краков

Атанасијевиќ заврши во болница во Краков

Дополнителни проблеми за репрезентацијата на Македонија, освен елиминацијата од Мундијалот се и повредите. По Томи Јагуриновски, кој се повреди против Норвежаните, сега слична судбина доживеја и Павле Атанасијевиќ. Бекот на Еурофарм Пелистер по една акција падна во шестерецот на противникот и со болни гримаси и помош од соиграчите го напушти теренот.

По натпреварот, битолскиот клуб откри дека повредата на Атанасијевиќ веројатно не е наивна. Младиот ракометар бил пренесен во болницата во Краков за дополнителни прегледи, па се очекуваат резултатите од истите.

„Павле Атанасијевиќ по наптреварот со Аргентита е пренесен во болница во Краков, каде моментално се спроведуваат дијагностички процедури. Еурофарм Пелистер ќе ја извести јавноста во првиот момент кога ќе добие информација за состојбата на нашиот Павле“, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.

Едно е сигурно, а тоа е дека дури и да не е сериозно повреден, Атанасијевиќ нема да ризикува и да игра на натпреварите од Президент Купот.