Европските натпревари на Еурофарм Пелистер продолжуваат во битолската сала „Боро Чурлевски“ и сега ќе се најде на голем тест, бидејќи во следните седум дена во Битола гостуваат двете најквалитетни екипи во групата Д на Европската лига, ГОГ Гудме и германскиот Рајн Некар Ловен..
Пред дуелот со данскиот вицешампион, тренерот на пелистерци, Жељко Бабиќ зборуваше за проблемите и очекувањата од овој натпревар.
„Остваривме големи победи и тие се важни за позицијата и можноста да ја минеме групата, што би бил историски успех за клубот и за македонскиот ракомет. Секако дека сум задоволен, задоволни се сите во клубот, но имавме и таканаречени нус-појави,како што е тешката повреда на Кушан и повредата на Мандалиниќ. Плативме висока цена за победите, но на тоа не можевме да влијаеме, повредите се составен тел од спортот и можеме само да се надеваме дека ќе се вратат здрави во тимот и ќе придонесат за тимот. Победите над Татабања се за Кушан и искрено му посакувам да заздрави што побргу.