Двајцата ракометните репрезентативци на Франција, Дика Мем и Лудовик Фабрегас, кои го носат дресот на Барселона, би можеле во каталонскиот клуб да останат подолг временски период, објавува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.
Дика Мем и Лудовик Фабрегас со актуелниот европски шампион имаат договор до 2024, односно 2023 година, но раководството на Барселона веќе им понудило понуда за продолжување на договорите и за во иднинан.
За двајцата споменати ракометари, според шпанските медиуми, постои интерес од ПСЖ, но и од други моќни клубови.