понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Берге повеќе не е селектор на Норвешка

Берге повеќе не е селектор на Норвешка

Машката ракометна репрезентација на Норвешка остана без селектор откако Ракометната федерација на Норвешка соопшти дека ја прекинува соработката со Кристијан Берге. Главната причина е желбата на Берге да седне на клупата на новиот проект Колстад.

По завршувањето на Европското првенство каде што Норвешка го освои 5. место, Берге доби ултиматум од Ракометната федерација на Норвешка и требаше да одбере дали сака да продолжи како селектор или да ја прифати понудата на Колстад бидејќи во Ракометната федерација не сакаат да имаат селектор кој ќе работи и во клуб.

Федерацијата сè уште нема најдено замена бидејќи според договорот, Берге требаше да ги предводи Норвежаните до 2025 година.

Берге е селектор на Норвешка од 2014 година со која освои две сребра на Мундијалите во 2017 и 2019 година, а пред две години на Европското првенство Норвежаните беа бронзени.