четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Бесплатен влез во „Борис Трајковски“ за дуелот Македонија – Норвешка

Бесплатен влез во „Борис Трајковски“ за дуелот Македонија – Норвешка

Ракометната женска репрезентација на Македонија се подготвува за сериозен тест на силите во пресрет на Европското првенство. Во рамките на ЕХФ Еврокупот, избраничките на Љубомир Савевски ќе се судрат со гигантот Норвешка во последните две кола на натпреварувањето.

Првиот натпревар меѓу двете е закажан за в четврток во Скопје. Ракометната федерација на Македонија потврди дека вратите на салата „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени и влезот ќе биде бесплатен. Дуелот се игра во терминот од 19:30 часот, а репрезентативките се надеваат на поддршка.

Возвратниот натпревар во Норвешка ќе се одигра во Бекестуа на 24 април (недела).