вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Билетите за Вараждин се пуштени во продажба- еве уште колку останаа

Билетите за Вараждин се пуштени во продажба- еве уште колку останаа

Билетите за мечевите на нашата репрезентација во рамките на главната фаза на Европското првенство која се игра во Вараждин се пуштени во продажба. Истите може да се набават на официјалната страница „www.ulaznice.hr“.

Лошата вест е што во слободна продажба има околу 600, бројка која е доста мала, особено ако се земе в предвид дека во Загреб нашите ракометари имаа поддршка од околу 5.000 фанови, објави порталот Спортмедиа.

Цената на картите е доста „солена“, таа се движи од 300 до 500 куни, односно од 40 до 70 евра. Колку за споредба билетите за групната фаза беа далеку подостапни тие се можеа да се набават по цена од 14 до 55 евра.

Повеќе прочитајте на Спортмедиа…