четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Бојана Поповиќ ќе ја води Црна Гора до 2024 година

Бојана Поповиќ ќе ја води Црна Гора до 2024 година

Селекторот на женската ракометна сениорска репрезентација на Црна Гора, Бојана Поповиќ доби продолжување на договорот.

Прославената ракометарка својата репрезентација ќе ја води до крајот на Олимписките игри во Париз во 2024.

Челниците од ракометната куќа на Црна Гора се задоволни од досегашната работа на Поповиќ, која со своите избранички го освои бронзениот медал на Европското првенство 2022.