Актуелниот македонски ракометен првак Вардар 1961 направи исчекор кон одбрана на титулата откако вечерва во Скопје го совлада Еурофарм Пелистер во големото македонско дерби со 31-24.
По натпреварот на Фејсбук се огласи голманот на Вардар, Борко Ристовски.
-Тоа е таа екипа !!! ЕКИПИШТЕ , напиша Ристовски на Фејсбук.
Ракометното дерби го одбележаа инциденти во првото полувреме кога натпреварот беше прекинат во 17 минута, при резултат 6-6, откако во салата влегоа навивачите на битолскиот прволигаш по што почнаа да фрлаат со пиротехнички средства кон домашната публика.
Десетина навивачи на Вардар веднаш потоа влегоа на теренот и возвратија кон навивачите на Еурофарм Пелистер со пластични шишиња и тврди предмети, по што судиите го прекинаа натпреварот, а играчите на двете екипи се повлекоа во соблекувалните.