среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Борко Ристовски закажа прес: Јавноста ќе ги дознае сите нерегуларности во работата на МОК

Борко Ристовски закажа прес: Јавноста ќе ги дознае сите нерегуларности во работата на МОК

Поранешниот чувар на мрежата на машката ракометната репрезентација на Македонија и сегашен член на Вардар 1961 пред неколку дена доби документ од Македонскиот олимписки комитет во кој имаше одлука за суспензија во период од четири години поради ставови пренесени во ТВ-емисија.

Ристовски во петок ќе организира прес-конференција на која ќе ги каже своите ставови околу целата ситуација.

„Почитувани медиуми, Ве поканувам на прес-конференција што ќе се одржи во петок (28 април 2023 година) со почеток во 11:00 часот во конференциската сала во „Хотел Сити Парк” во Скопје. Тема на прес-конференцијата ќе биде последната одлука на МОК, и запознавање на јавноста со сите нерегуларности во работата на МОК“, соопшти македонскиот голман.

Голманот на Вардар 1961 е казнет дека како претставник на политичка партија во ТВ емисија За или против изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет Даниел Димевски кои би можеле да бидат штетни по МОК.

Борко Ристовски има рок за жалба на одлуката на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во следните осум дена.