Црногорскиот ракометар Вуко Борозан го напушта европскиот ракомет и патува во арапскиот свет.
Нов предизвик во кариерата на левиот бек од Црна Гора е Ал Араби, еден од најдобрите тимови во Катар, каде се очекува да биде прва ѕвезда во составот кој секоја сезона се бори за титулата во домашниот шампионат.
27-годишниот Борозан по заминувањето од Вардар, не се прослави ниту во унгарскиот гигант, затоа што одново влезе во конфликт со управата и доби „црвен картон“.