Македонија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство во женска конкуренција (4-20 ноември).
Нашиот национален тим по десет години одново ќе игра на големо натпреварување. Групата ќе биде исклучително тешка, а првиот ривал ќе биде олимпискиот шампион Франција.
На оваа средба, која се игра на петти ноември во СЦ „Борис Трајковски“, правдата ќе ја делат босанските судијки, Весна Блаван и Татјана Праштало.