вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Божо Анѓелиќ се сели во Мотор Запорожје

Божо Анѓелиќ се сели во Мотор Запорожје

Цроногорскиот среден бек Божо Анѓелиќ кариерата ја продолжи во редовите на Мотор Запорожје.

Одличниот организатор на играта летово требаше да се пресели во Скопје и да го облече дресот на Вардар 1961, но поради проблемите со кои се соочува македонскиот шампион, тој се реши за нов предизвик и ја прифати понудата на украинскиот гигант.

Мотор Запорожје поради војната во Украина во новата сезона ќе настапува во втората германска лига, како и во Европската лига на ЕХФ.