Машката ракометна репрезентација на Македонија обезбеди полуфинале на Медитеранските игри во Алжир.
По убедливиот триумф на Шпанија над Алжир со 31-19, стана јасно дека домаќинот нема шанси да напредува од третото место во групата.Македонија со две победи, едно реми и еден пораз, како и со подобра гол-разлика од Алжир, го освои второто место со пет бода и се пласира во полуфиналето.
Ривал на нашата селекција ќе биде Египет, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Србија.
Мечот меѓу Македонија и Египет ќе се игра на 4 јули од 14:00 часот.