среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Брестовац се потпира на проверени сили, со 28 ракометари на подготовките за ЕП

Брестовац се потпира на проверени сили, со 28 ракометари на подготовките за ЕП

Селекторот на машката ракометна сениорска репрезентација, Данило Брестовац, повика 28 ракометари кои ќе бидат кандидати за настап на Европското првенство во јануари.

На листата нема поголеми изненадувања, Брестовац се потпира на проверени сили. Првиот собир на македонскиот национален тим е закажан за 21 декември. Во текот на подготовките, „црвено-жолтите“ ќе имаат пет контролни натпревари, по што ќе се искристализира кои ракометари ќе го носат дресот на шампионатот.

Во првата фаза на ЕП, во групата во Виена, македонската репрезентација ќе биде во група со Украина (дуелот со нив е на 10 јануари), Чешка (12 јануари) и домашната Австрија (14 јануари). (МИА)