Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац има нов предизвик во својата кариера и ќе биде селектор на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Брестовац го напушта Тиквеш кој се бори за излез во Европа и веќе пристигна во Дубаи каде што утре ќе биде промовиран на новата функција.
За Брестовац ова ќе биде втор ангажман на Блискиот Исток, претходно во сезоната 2021/2022 тој го водеше тимот на Ал Мадар од Саудиска Арабија.
Од друга страна на клупата на Тиквеш во последните три кола ќе седи помошникот Боро Ѓорѓиев.