Во претпоследното коло од главната фаза во групата 1, Хрватска минимално ја совлада Чешка, со гол на Степанчиќ во последната секунда.
Тоа беше средба без посебно значење за двете селекции, бидејќи Чешка поодамна ги загуби шансите за пласман во полуфинале, додека Хрватска е единствената која и теоретски е веќе во полуфинале.
Се играше без многу жар, па средбата изгледаше рамноправно и без поголеми резултатски осцилации. Дополнително, Лино Червар на овој натпревар настапи без својата убијствена тројка Дувњак/Карачиќ/Циндриќ, која средбата ја преседе на клупа.
Најитересните моменти се случија во самата завршница на средбата. Хрватска водеше со два гола разлика, но Чесите израмнија на 20 секунди до крајот. Во последниот напад топката дојде до високиот Степанчиќ, кому не му беше тешко да поентира – во последната секунда.
Извор: Dribling.mk