сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Червар: Ми приредија понижување

Червар: Ми приредија понижување

Лино Червар предложи промена на селекторот Хрвоје Хорват како координатор на хрватскиот ракомет, но покрај тоа што беше прифатена неговата сугестија, водечките луѓе на хрватскиот сојуз му врачија отказ и на трофејниот стручњак.

Поранешниот тренер на Металург и најуспешен селектор во историјата на хрватскиот ракомет доби низок удар од челниците на Федерацијата, па иако првично беше резервиран и остави да спласнат страстите, сега распали по луѓето кои му забија „нож во грб“. Во ексклузивното интервју за „Спорт Клуб“ кое ќе биде целосно емитувано вечерва во 19:30 часот, Червар говори за катастрофалниот третман кој го добил, а најавата за разговорот носи извадок кој тој целата оваа ситуација ја доживеал како големо понижување.

– Заработив отказ во предвечерјето од одбележувањето на првата и единствена титула која ја имаме како светски шампиони. Да се однесуваат кон мене со таква фарса и на таков начин е едноставно понижување. Сакам да го видам животниот пат на луѓето кои ја донесоа оваа одлука. Уште повеќе ме интересира што мисли за оваа одлука највисоката институција во хрватскиот спорт, а тоа е Олимпискиот комитет, како и министерството за спорт. Навистина ме интересира како тие гледаат на ова понижување кое ми го приредија, – вели Лино Червар.