Ракометната репрезентација на Србија ги надмина сите проблеми и ја декласира Украина и со 31-23 (17-11), па според планот го отвори Европското првенство. Србија поведе и двоцифрено, па рутински запиша прва победа. Најефикасен играч на натпреварот беше Кукиќ кој даде седум гола, додека Хориха од Украина постигна шест.
Далеку потешко од очекуваното до победа дојде репрезентацијата на Шпанија , бидејќи Чешка сериозно ја измачи „фуријата“ иако загуби со 28-26. Избраниците на Рибера влегоа лошо во натпреварот и имаа негатива, ама со добра серија дојдоа до водство. Шпанците највисоко водеа со позитива од четири гола, а ривалот константно притискаше резултатски да се врати. Во завршницата Чесите често беа на -2, ама немаа сили за изненадување. Најпрецизен денес беше Јакуб Хрстка од Чешка со шест погодоци, додека Гурбинто со пет ја предводеше Шпанија.