Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија попладнево од 16 часот против селекцијата на Чешка ќе го одигра вториот напревар на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.
По минималниот триумф над Украина во стартниот меч од групата Б во Виена македонските ракометари попладнево се пред нов предивик на еврошампионатот, во 2 коло ги очекува ранетата селекција на Чешка која во првото коло загуби од домаќинот Австрија и сега е без право на грешка.
Но, црвено жолтите по денот одмор искористен за тренинг и анализа на првиот дуел со подршка од фалангата во арената Штадхале очекуваат добра игра и резултат и против стариот должник Чешка. Играта во одбрана против најдобриот стрелец од минатото Европско, капитенот на Чешка, Ондреј Здрахала е клучна за конечниот исхор на средбата. Воедно избраниците на Брестовац денеска не смеат да се дозволат пад на концентрацијата како на мечот со Украина во решавачката делница од дуелот со квалитетната Чешка.