четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Чупиќ: Некои гледаат ракомет само во јануари и си земаат за право да плукаат и навредуваат!

Чупиќ: Некои гледаат ракомет само во јануари и си земаат за право да плукаат и навредуваат!

Хрватската ракометна легенда и поранешен играч на Вардар, Иван Чупиќ распали по оние кои упатуваа жестоки критики кон хрватските ракометари по убедливиот пораз од Египет.

Хрватска доживеа неочекуван дебакл на стартот од Светското првенство, загуби од Египет со 31-22.

Чупиќ од дома го прати Светското првенство, но живее како се уште и тој да е дел од репрезентацијата.

По високиот пораз, ракометарите на Хрватска добија жестоки критики од јавноста во нивната земја. Тоа го погоди Чупиќ кој напиша колумна за официјалниот сајт на Хрватската ракометна федерација.

„За жал кај нас има многу луѓе кои ракометот го гледаат само во јануари, а потоа на него забораваат во наредните 11 месеци, но си земаат за право да плукаат и навредуваат се по ред. Дел од нив го чека јануари само за да земат некоја куна во обложувалница и ако тоа не се случи, бидејќи тие емотивно се обложуваат на Хрватска, почнува лавина навреди и омаловажувања“, вели меѓудругото Чупиќ.

„А тие момци, мои пријатели, исто како и јас не спиеа цела ноќ. Бев со нив на телефон до 3 часот наутро и знам како се чувствуваат. Луѓето не сфаќаат дека на нив им е најтешко. Ги поминаа последните три недели, по исклучително напорна сезона, одвоени од своите семејства во време на божиќните и новогодишните празници, крваво тренираат и не успеаа“.

Целата колумна на Чупиќ можете да ја видите на овој ЛИНК.