Репрезентативците на Хрватска жалат за вечерашниот пораз од Шведска (31:35), но се надеваат дека ќе победат на следните неколку натпревари во следната фаза, каде ќе издејствуваат и пат кон полуфиналето на ЕП.
Задачата ќе им биде тешка, тоа уште сега им е јасно на Хрватите, па им преостанува да се сконцентрираат на останатите мечеви, кога веќе вечерва направија непотребен кикс.
Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ ги искажа своите импресии од натпреварот со Шведска.
„Не ми падна така тешко поразот, повеќе ми пречи што ги разочаравме навивачите кои не бодрат уште од првиот ден на ова ЕП, немаше воопшто свирежи, не испратија на најдобар можен начин, од срце им се заблагодарум ва за тоа“.
„Се повтори старата скандинавска школа, ако ги пуштиш на почетокот и ги разгалиш, после тешко ќе ги фатите и контролирате. Шведска овој пат беше подобра од нас. Првите два меча постигнавме по 22,23, а сега 17 на полувремето. 35 голови е сериозна бројка за еден сериозен ракомет кој се игра на турнири. Не е лесно, но кога противникот е подобар од почеток до самиот крај, поразот и не паѓа така тешко“, истакна Чупиќ